Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари нема да му се извинува на Заев, но нема да ја вовлекува во приказната ниту пратеничката за која тврдеше дека премиерот сакал да ја поткупи

/

пред 1764 дена

Сподели преку :

Заев нема да добие извинување од Таравари кој тврдеше дека лично премиерот се обидел да  поткупи пратеничка на Алијанса за да го поддржи парламентарното мнозинство. Гостиварскиот градоначалник е убеден во вистинитоста на верзијата која ја даде во интервју за Сител.

– Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука. Јасно е што е направено, изјави Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците во одговор на новинарско прашање.

Премиерот Зоран Заев по изјавата на Таравари преку прес службата на влада ја негираше како што рече неточната манипулација на Таравари побара јавно извинување а доколку не го добие најави тужба.