Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари тврди дека Заев ја „бркал“ пратеничката на Алијанса со куферче пари, премиерот најостро ги демантира „грубите манипулации“ на градоначалникот на Гостивар

/

пред 1768 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари го обвини премиерот Заев дека лично и нудел поткуп на пратеничката од неговата партија за да премине на нивна страна.

Таравари го изјави ова во интервју за ТВ Сител и тврдеше „дека јавна тајна е дека власта се шета наоколу со куферчиња пари кои им ги нуди на пратениците.“

Преку соопштение од владата премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации.

-За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини., соопштија од владата.