Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тековно се спроведува гласањето во Куманово

/

пред 1799 дена

Сподели преку :

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места.

Според податоците на ДИК од досега обработените над 92 проценти до петнаесет часот, излезноста била 29,60 проценти.

Во општината Старо Нагоричане, право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места. Гласањето се спроведува непречено, информираше претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. Според податоците на ДИК од обработените над 82 проценти, излезноста до 15 часот била 39,57 отсто.

Текот на гласањето во Куманово го следи нашата репортерка Билјана Николовска.