Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Угостителите бараат унифицирање на протоколите, а не ограничување на работното време

/

пред 2094 дена

Сподели преку :

Во соопштението од Комората се наведува дека секоја одлука и измени на Одлуката за превентивни препораки за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работното време на угостителските објекти е неуставно.

– Работното време на угостителските објекти е утврдено во членот 23 од Законот за угостителска дејност, кој закон не е ниту укинат, ниту суспендиран во моментот. Ниедна одлука на Владата, ниту нејзина измена за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од Ковид -19 со која се носат препораки и протоколи за ограничување на работното време за работа на угостителските објекти кое работно време е утврдено со важечки закон е неуставна, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.