Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Нови случаи на делта сојот засега нема

/

пред 1917 дена

Сподели преку :

Во земјава има уште еден сој од корона вирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира дека според информациите со кои располага во лабараториите во земјава не е секвенциониран нов случај на делта сој на коронавирус освен постојните. Но, рече, од МАНУ го информирале дека има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафричкиот сој.

Во моментов ситуацијата со пандемијата е стабилна и нема потреба да дополнителни рестриктивни и мерки за заштита од оние кои веќе се на сила, смета министерот. Политиката на затворање се спроведуваше во периодот кога не беа достапни вакцините. Сега кога ги има и кога се достапни акцент треба да се стави на процесот на вакцинација, рече Филипче. Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување.