Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фон Дер Лајен порача целта е да почнат преговори со ЕУ до крајот на годината, Заев гледа позитивни сигнали за прашањата кои не „може да бидат предмет на разговори“

/

пред 1831 дена

Сподели преку :

Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен по средбата со претседателот на владата Зоран Заев истакна дека очекува до крајот на оваа година прва меѓувладина конференција со ЕУ.

-Работиме со двете страни да се надмине последната пречка за почеток на преговори. Се разговара и со С. Македонија и Бугарија. Се може да се реши со дијалог и добри идеи. Се надеваме до крајот на годината ќе се одржи првата меѓувладина конференција, реле Фон дер Лајен.

Таа и порача на државата да не ја губи вербата бидејќи направила многу чекори за да се реализира тоа и треба да се направи уште еден чекор, информира од прес-конференција во Скопје, новинарката на Телма Тамара Грнчаровска.

Заев рече дека има позитивни сигнали од другата страна околу идентитетски прашања на кои С. Македонија инсистира дека не може да бидат предмет на разговори.

И премиерот се надева на прва меѓувладина конференција до крајот на 2021-ва година.