Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Само ракавот остана од Ковачевски на сликата Петков-Блинкен, сите прашуваат зошто бугарскиот премиер користи ефтин фото-шоп

/

пред 1687 дена

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и бугарскиот премиер Кирил Петков на фотографијата објавена на социјалните профили на Петков имаат друштво на еден ракав од палто.

Фотографијата всушност е исечена од онаа која ја објави македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а станува збор за фотографија направена на безбедносниот самит во Минхен.

Ковачевски напиша дека имале срдечна средба со државниот секретар на САД и дека „Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ“.

Бугарските новинари се прашуваат што му требало на Петков, ваков ефтин фото-шоп за да прикаже дека се сретнал со Блинкен. Петков под фотографијата напишал дека елиминирањето на корупцијата е основен приоритет и дека „ќе работиме заедно за да се справиме со проблемот“.

Медиумите во Бугарија нотираат дека за средбата на Блинкен со Петков и Ковачевски „засега не известил Вашингтон“, поради што е нејасно дали можеби станува збор за случајна средба на која се разменети мислења од нога.