Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Утрински редици пред амбуланти поради “брзиот марш” на омикрон

/

пред 1727 дена

Сподели преку :

На фотографијата се редиците пациенти пред поликлиниката Ѓорче Петров во Скопје направена после 8 часот.

Редици пациенти надвор на минус темепература чекаат термин за преглед. Фотографијата ја испрати гледач на Телма.

Само вчера се регистрирани 813 новозаразени од корона, што е рекорден број на нови пациенти регистрирани во понеделник од почетокот на пандемијата (во недела се прават најмалку тестирања).

Според министерството за здравство новиот микрон сој е присутен кај 68 % од заразените изминатата недела.  Во периодот од 5 до 10 јануари е направено секвенционирање на вкупно 152 позитивни примероци на коронавирус, а кај 104 од нив е детектиран омикрон сојот.

Институтот за јавно здравје соопшти дека во последните 7 дена имало речиси илјада реинфекции односно пациенти кои по вторпат се заразиле со корона. Зголемен е и бројот на болничко третирани пациенти.

За 7 пати е зголемен бројот на реинфекции со ковид во земјава