Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФОТО: Фекалии поплавуваат зграда во скопски Аеродром во близина на лабораторија за крв, надлежните решиле да го „решаваат“ проблемот од понеделник

/

пред 2156 дена

Сподели преку :

Жители на зграда во скопски Аеродром, во непосредна близина на ТЦ Бисер и поранешен Мекдоналдс се жалат дека поради затната шахта, во зградата се враќаат фекалии, а надлежните од Водовод и управителот на зградата по првична интервенција си заминале и им кажале дека  ќе го решаваат проблемот во понеделник.

Ни кажаа дека од понеделник ќе го решаваат проблемот, а дотогаш може да се преполни влезот со води загадени со фекалии. Поради смрдеа и за да се луфтира, сите врати на зградата се отворени, а мора да отвараме и заеднички прозорци и прозорци во становите. Шахтата се затнува, а во непосредна близина има и лабораторија каде во ова кризно време одат многу пациенти за да даваат крв на тестирање. Бараме побрза интервенција на надлежните за да се реши проблемот, ни изјави жител на зградата кој ни ги испрати фотографиите и видеото.

Миомир Серафиновиќ