Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЈО: Нема основа за јавнообвинителска интервенција за работата на ОТА и АНБ

/

пред 2267 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кое се однесуваше на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.

Писменото известување, како што соопшти Јавното обвинителство, се однесувало на тоа дека има определени недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Надлежниот јавен обвинител направил проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде биле доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето.

– Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување, наведуваат од Обвинителството.