Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на фејсбук потврди дека е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, но вели дека се чувствува добро.
„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене“,
напиша Бошкоски.
Бошкоски, вчера бил примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19.
Тој пред неколку дена изјави дека е позитивен на коронавирусот и дека се наоѓа во самоизолација во Челопек и дека нема симптоми. Наводно правел тест за проверка затоа што сакал да патува во Хрватска, но се покажало дека е заболен.
Меѓутоа, во меѓувреме ситуацијата се влошила и тој итно синоќа бил примен на Инфективната клиника, но засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.











