Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе се воведува сексуално образование во училиштата

/

пред 2169 дена

Сподели преку :

Итна е потребата од сексуално образование на учениците во земјава, едногласни се невладините организации кои работат на идејата за негово воведување во училиштата.

Проектот во министерството за образование се турка под иницијатива на невладината Хера која со години работи на оваа проблематика.

Пилот проектот е веќе изработен и надежите се дека од следниот септември ќе биде воведено во рамки на училиштата како неформално образование, вели министерката за образование.

Истражувањата на невладините организации покажале дека недостигот од сексуално образование придонесува до тоа младите да бидат подложни на најразлични предаротори, булинг, интернет вознемирувања.

Инаку истражувањата на Хера покажале дека многу е низок степенот на едукација на учениците на овие теми  па поради тоа е потребно сексуалното образование.

Од друга страна родителите и наставниците исто така би требало да поминат обука за да се едуцираат за оправданоста  на воведувањето на таков предмет.

Билјана Николовска