„Блокадата на евроинтеграциите, вклучувајќи ја нашата добива димензија и карактер на сериозен безбедносен ризик за регионот на Западниот Балкан, но и за ЕУ. Природата на војната рапидно се менува, напредните технологии галопираат, незамисливи оружја парадираат, вештачката интелигенција сестрано се аплицира, a нуклеарната војна понекогаш како да надвиснува над светот“,порача претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова во своето обраќање по повод 33 години од формирањето на македонската Армија, кое се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“.
Претседaтелката, воедно и врховен командант на Армијата, Сиљановска Давкова истакна дека посакува најголемите вложувања да се во знаењето, образованието и науката, истражувањето и развојот, културата и спортот.
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски во своето обраќање пред припадниците на македонската Армија најави дека Армијата ќе се опремува со нови возила, опрема, а во тек е и огласот за 300 професионални војници.
Претседателката, Силјановска Давкова денеска, со орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери којшто едуцира и создава генерации посветени и професионални офицери и подофицери. Воедно им оддадде признание и на прворангираните питомци и слушатели на основниот курс за подофицери и на новопроизведените и промовирани офицери и подофицери.
На денешното одбележување 33 години македонски Армија присуствуваа премиерот, Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието, Африм Гаши кои пристигнаа заедно, како и високи државни и странски претставиници.
Викторија Јованова











