Со размена на облека, редизајн на обувки, работилница за преработка на стари парчиња облека во нови и промоција на биоразградливи производи неколку македонски дизајнери и активисти со апел за подигање на свеста против загадувањето и конзумеризмот, доколку се има предвид дека брзата мода, модната индустрија е втор загадувач по ред во светски рамки.
„На годишно ниво се произведуваат над три милијарди парчиња облека од кои што само 1% повторно се враќа во рециклирање. Тоа значи дека огромен процент од облеката останува или во ѓубриште, насекаде во околината и она што го остава како отпечаток, одошто практичната страна на модната индустрија. И токму тоа е она што ние како движење сакаме да го промениме. Да инвестираме во облека која ќе трае подолго за која ќе имаме транспарентност и етичност при изработката“ – вели Ана Јакимовска од Fashion Revolution Macedonia.
„За жал свеста уште не е на тоа ниво на кое што би требало да биде. Но доколку во континуитет работиме на тоа ќе биде подобро“ – додава Росица Косева.
Важно е да се инвестира во локални дизајнери, да бидеме свесни за составот на облеката, начинот на кој ќе се рециклира, текстилниот отпад и умешноста на редизајнирање на облеката со што ќе се даде нов живот на веќе износените парчиња.
Се уште е мал интересот кај новите генерации за ваков тип на работилници, доколку се има предвид и економската криза и одговорноста за животната средина. Сепак вaжно е во континуитет да се говори за тоа, смета Доневска.
„Не секогаш редизајнот може да се однесува на облека за носење. Некогаш облеката може и друга употреба да има во домаќинството на пример и да покажеме нешто наше на работилницата какви се можности постојат“ – подвлекува Доневска.
Секој мал чекор е придонес за намалување на загадувањето и поддржување на одржливата мода и секако подигање на свеста за експлоатацијата во текстилната индустрија на која многупати сведочевме и кај нас, велат членовите на движењето Модна револуција Македонија.
Нина Стефанова











