Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските „Пантери“ стојат зад групата која ловеше педофили

/

пред 125 дена

Сподели преку :

Се преставувале како дел од неформалната балканска група Пантери познати по лов на педофили дознава Телма. Но ги стигна истата судбина како и босанските Пантери. МВР поднесе кривична пријава против шест млади луѓе на возраст од 15 до 22 години од Битола бидејќи и тие ловеле педофили и јавно ги објавувале и омаловажувале.

По пристигнување на договорените локации оштетените биле пресретнувани од членовите на групата каде биле снимани без нивна согласност, навредувани, омаловажувани, психички малтретирани и принудувани да дадат изјава дека се педофили. Откако ќе го направеле видео записот и нивните лични податоци биле јавно споделувани и објавувани на социјалните мрежи. Со тоа кај оштетените предизвикале чувство на страв, пониженост и загрозување на личната сигурност, вели СањаСтаматова, Портпарол СВР Битола.

Токму ваквиот начин на делување е познат за оваа неформална група како во земјава така и на Балканот. Мажи на лажен профил се преставуваат како малолетничка на социјални мрежи и закажуваат средби со потенцијални педофили. Кога ќе се појават на местото на средбата ги снимаат и ги тераат сами за себе да признаат дека се педофили, но и да го бакнат знакот на организацијата. На инстаграм профилот на македонската организација има објавено неколку куси видеа. Јутјуб каналот повеќе не постои иако претходно беа објавени цели видеа од затекнатите возрасни мажи кои сакле да се сретнат со лажната малолетничка.

Голем дел од реакциите на јавноста по објавувањето на ваквата вест се дека полицијата не си ја врши работата па за тоа ваквите групи ја преземаат правдата во свои раце. Инстаграм профилот на Пантери Македонија е полн со коментари за поддршка. Од друга страна од МВР велат дека тие се сомничат дека сториле четири кривични дела, насилство, злоупотреба на лични податоци, неовластено снимање и самовластие. И во Босна и Херцеговина лани беше уапсена една група која исто така се нарекува Пантери и кои делуваше на ист начин. Во Словенија пак на медиумите беа објавувани прилози со членовите на групата кои помогнале да се улови предатор.

Луѓето пријавуваат, но полицијата за жал не може да собере доволно докази. Ние за тоа сме тука да помогнеме во собирањето на доказите и да се уловат вистинските педофили, вели Урош Леденик, претседател на Пантер, Словенија.

Од македонското обвинителство велат дека ова не е прв пат да се истражуваат таканаречените ловци на педофили, но и дека доколку обвинителството дојде до докази за злоупотреба на малолетнички ќе ги гони и измамените мажи.

Билјана Николова

https://www.youtube.com/watch?v=PVzLZKmMQI4