Не сме на фудбалски стадион, туку во оваа притаена зграда, на ридот во Гази Баба, во Институтот за хемија. За многумина ПМФ, за 70 бруцоши место каде се полагаат испити, но под надзор на професорот Миха Буклевски се подготвуваат идните натпреварувачи. Оваа година на меѓународната олимпијада Менделеев две бронзи, за Ванчески и Мирчевски, а на Интернационалната со над 300 учесници младиот штипјанец Ванчевски се закити со сребро.
Доаѓаат од територијално мала држава, освојуваат медали, а по студиите се рамо до рамо со нивните врсници од светот..
Во белите мантили, под професорски надзор, се синтетизираат раствори, се мешаат хемикалии, се изучува природната наука која освен на светски натпреварувачки олимпијади е барана во домашната индустрија, а младите хемичари на пазарот на трудот.
Патот до успехот често е поплочен со препреки. Да се покаже знаењето во светски рамки, потребни се парични средства за авионски билети, сместување и трошоци за престој, предизвик кој секоја година паѓа на товар на институтот, родителите и добронамерните спонзори. Потребна е постојана институционална поддршка ако сакаме да ги полниме домашните витрини со светски пехари.
Павле Беловски











