На Мекедонската берза АД Макпетрол објави ценовно чувствителна информација дека за вработените исплати новогодишен бонус во висина од 30.000 денари.
- Имајќи ги во предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, Макпетрол АД Скопје, објавува дека, на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари, објави Макпетрол.
Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и истата претставува дел од корпоративната политика на Макпетрол АД Скопје.











