Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон денеска ќе разговара со Ердоган за членството на Финска и Шведска во НАТО

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во екот на украинската криза се заканува со вето на приемот на Финска и Шведска во НАТО, пренесе АФП. Макрон е во својата резиденција во Брегансон, на Азурниот брег, каде ќе престојува неколку дена, бидејќи денеска е официјален празник во Франција.

Се очекува главна тема да биде ставот на Турција за членството на двете земји.

Анкара вчера предупреди дека нема да се согласи да ги прими Финска и Шведска во Северноатлантската алијанса доколку не преземат „конкретни чекори“ за решавање на нејзините безбедносни грижи.

Ваквата изјава беше дадена по вчерашните разговори со делегации од двете скандинавски земји во турската престолнина.

Турција ги обвинува дека ги поддржуваат организациите кои ги смета за терористички, особено Курдистанската работничка партија. Анкара, исто така, го осуди присуството во Шведска и Финска на поддржувачите на Фетулах Ѓулен, кого го обвини за организирање на обидот за пуч во 2016 година.