Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон предлага состанок на Г7 со Русија и Данска

/

пред 258 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон предложи состанок меѓу членките на Г7 и Русија и Данска кој би се одржал в четврток во Париз, потврди Елисејската палата.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на Трут Соушл скриншот од наводна порака од Макрон на апликацијата за пораки „Сигнал“. Во пораката, францускиот претседател му вели на Трамп дека „не разбира што прави на Гренланд“.

Елисејската палата за ДПА ја потврдила автентичноста на пораката.

Макрон, исто така, му навестува на Трамп дека би можел ќе организира состанок во Париз во четврток попладне, по Давос, во формат на Г7, каде што Украинците, Данците, Сиријците и Русите би можеле да бидат поканети „на маргините“.

Одговорот на Трамп не е објавен.