Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макстил: Пожарот не е поврзан со нашата компанија

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Во врска со објавите на неколку интернет портали за наводен пожар во кругот на Макстил, компанијата информира дека инцидентот не се случил во нивните објекти и дека нема никаква поврзаност со настанот.

Пожарот избувнал во друг објект за преработка на дрво во поширокото индустриско подрачје на Железара, но не е дел од Макстил, се вели во соопштението до медиумите.

Од таму додаваат дека сите производствени и магацински капацитети на Макстил работат редовно и безбедно.

Компанијата апелира до медиумите за точно и прецизно информирање на јавноста, истакнувајќи дека брзата интервенција на противпожарните екипи спречила проширување на пожарот и поголема материјална штета.