Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малку број на лица со постковид последици, се зголемуваат оние со респираторни заболувања – пациентите бараат целосно реновирање на болницата во Отешево

/

пред 749 дена

Сподели преку :

Загадениот воздух и пушењето, се двете најголеми причини за пораст на пациенти со белодробни заболувања кај нас, велат од Специјализираната болница во Отешево. Капацитетот на установата од 72 легла, исполнет e до последно место, а овде сè уште се третираат и последиците од коронавирусот.

„Пред се аерозагадувањето и недостигот на Националана стратегија против пушењето се водечки причини за зголемување на пациенти со респираторни заболувања. Мал број на пациенти сè уште имаат постковид последици“, вели Балгоја Китановски, директор на Специјализираната болница за респираторни заболувања во Отешево. 

По една година од почетокот на работите, реновирано е едното болничко крило со 36 кревети, но пациентите бараат да се реконструира и другиот објект со ист капацитет, затоа што станува збор за болница не само од регионално, туку и од национално значење.

„Овој е реновиран, а овој не, третиот стои празен. Треба нешто да направи локалната самоуправа, Владата да даде средства, да направи нешто, затоа што народот е многу заболен од респираторни болести“, вели Трипун Јовановски, пациент од Скопје. 

„Едниот објект малку го реновираа, сега треба и другиот“, вели Љубиша Сатнковиќ, пациент од Куманово. 

Министерот за локалана самоуправа Златко Перински вели дека Владата е подготвена да даде поддршка за обнова и на другиот објект во Специјализираната болница во Отешево.

„Доколку директорот понуди соодветни проекти, како централна Власт  зошто да не помогнеме бидејќи станува збор за една воздушна бања и треба капацитетот во иднина  да се зголемува“, вели министерот за локална самоуправа, Златко Перински. 

Едното крило на Специјализираната болница за лекување на респираторни заболувања во Отешево е реновирано за првпат по 43 години од постоењето на оваа здравствена установа со поддршка на швајцарската Влада. Со реконструкцијата се опфатени покривот, фасадата, поставена е нова дограма, обновени се болничките соби, извршено е внатрешно уредување и набавена е нова опрема за дигитализација и олеснување на услугите на пациентите во оваа установа.

Емилија Мисирлиевски