Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетници повторно дивееле во Капиштец – обиле багер, оштетиле и приватно возило, а потоа биле пријавени во полиција

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Дивјаштво во режија на малолетници повторно се одвивало во Капиштец. Сѐ се случило вчеравечер во паркот во оваа скопска населба, односно во делот каде што се изведуваат реконструктивни работи. Младите лица обиле багер, го стартувале и управувале. Попатно, оштетиле и едно паркирано приватно возило. За вандализмот извести градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи.

Општинските служби излегле на терен, а случајот е пријавен и во полиција и изготвен е Записник.

  • „Уништени се и каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Апелирам до родителите: разговарајте со своите деца за последиците од ваквите постапки“ изјави Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар.

Причините за ваквото однесување на децата треба да се бараат во состојбите во општеството и деградираното образование.

  • „Треба да настане една порадикална промена во тој процес на образование и во рамките на семејството треба и за родителите една посериозна едукација за тоа како да се однесуваат спрема своите деца. Тука лежи клучот на тоа такво однесување коешто некогаш нѐ запрепастува и зачудува – како може деца тоа да го прават. Сѐ е достапно за децата на некој начин. Замислете дете кое користи пет или шест часови на паметниот телефон, а е на возраст од десет до тринаесет години. Што да очекуваме ние од неговото однесување?!“ изјави Илија Ацески, социолог.

Ова не е првпат малолетници да прават несвојствени работи во Капиштец.

Пред само четири месеци, жители на оваа скопска населба со мобилен телефон снимија малолетници како ги кршат реквизитите на детското игралиште, а снимките ги виде целата јавност на социјалните мрежи.

Тогаш градоначалникот Герасимовски најави дека преку ребаланс на општинскиот Буџет ќе се одвојат средства за камери на јавни површини, за полесно да се контролира кој го тероризира јавниот простор.

Петар Догов