Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малолетник загина, сопатникот тешко повреден – сообраќајна несреќа рано утрово на излез од Охрид кон Свети Наум

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Малолетник смртно настрада во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, во близина на населбата Рача.

Според информациите од СВР Охрид, незгодата се случила рано изутринава во 1:40 часот кога на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

Притоа малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Службата за итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил и сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, кој е префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.