Да знаев дека Палевски носи оружје, немаше да бидам тука, рече обвинетиот Велибор Маневски на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Откако одново ги раскажа плановите на групата, нивното движење и пукањата во жртвите од Палевски, Манев, кому ова му е трето рочиште на како дава исказ за случајот, денеска одговараше на прашања на судијата Ивица Стефановски, кој претседава со судечкиот совет.
Обвинетиот потврди дека фотографиите се од неговата куќа, а потоа продолжи да раскажува како првата вечер тој, Палевски, Боре Видевски и Влатко Кешишев биле до куќата на Панче Жежовски за, како што кажа, Палевски го види местото и приодот до куќата. Истата вечер наточиле и гориво во два 10-литарски галона, во едниот бензин, а во другиот дизел. Наредниот ден, рече, отишле да го грабнат Жежовски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, а на 3 декември во 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес. По Манев, се очекува исказ пред судот да даде третообвинетиот Боре Видевски.











