Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Манган во гостиварската вода, сè уште се чекаат резулатите

/

пред 752 дена

Сподели преку :

Се чекаат конечните резултати за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Гостивар, откако приватната лабораторија која е ангажирана од Комуналното претпријатие, добила наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации, по што водата беше забранета за пиење.

Примероците на гостиварскиот Центарот за јавно здравје, пак, покажале дека водата може да се користи, но поради објавената информација, анализите биле повторени. Инспекциските служби на АХВ и од Центарот во саботата зеле нови мостри од различни локации.

„Испитувањето е во тек, инаку се врши физичко и хемиско и микробиолошко испутивање. Можам да кажам за целиот овој период во нашето епидемиолошко одделение не се пријавени зголемн број на цревни заболувања што би било поврзано со оваа појава. Комуналното претпријатие континуирано врши хлорирање на водата што е многу важно за дезинфекција на водата за пиење“ изјави д-р Берун Мустафа, раководител на Отсек – Одделение хигиена и здравствена екологија/ ПЕ ЦЈЗ Гостивар.

В.д. градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, се сомнева во резултатите на приватната компанија, затоа што Центарот за јавно здравје добил спротивни резултати. Тој вели дека се очекува деталната проверка да ја утврди состојбата, а доколку имало пропусти најави поведување на одговорност.

„Сега останува денес да се докаже дали водата е за пиење, т.е. да се потврди и доколку е така тогаш најверојатно ќе побарам од Јавното претпријатие да ја прекине соработката со приватната фирма која прави анализи и нормално ќе се преземат сите потребни мерки“ изјави градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани.

Додека се добијат новите резултати се уште важи забраната за пиење на водата од гратскиот водовод.

Водата за пиење во Гостивар беше забранета во два наврати. На крајот на септември поради присуство на бактерии и во петокот поради зголемени концентрации на манган.

Данијела Билбилоска

Недозволиво количество на Манган и во гостиварската вода