Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мари ле Пен: Ќе соработувам со новиот француски премиер Барние

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Мари ле Пен пресече. Лидерката на француската десница најави дека има намера за соработка со новиот премиер Мишел Барние. Во интервју за дневниот весник „Трибун“, таа рече дека нејзината партија „Национален собир“ не сака да прави опструкции.

Францускиот претседател Емануел Макрон го именува 73-годишниот Барние за премиер и во него гледа клуч за политичка деблокада на земјата. Во 26-години делување, четири пати беше министер, двапати европски комесар, а ќе остане запаметен и по улогата на преговарач на Европската Унија за Брегзит.

Неговиот став за миграцијата би можел да се покаже како клучен за обезбедување макар и премолчена поддршка од крајната десница во парламентот. Член е на десничарската партија Републиканци и во минатото предлагаше запирање на неевропската миграција за периодот од три до пет години.

Ако биде избран во парламентот, политичкиот ветеран ќе биде највозрасниот шеф на владата во Париз за што веќе го доби и прекарот „францускиот Бајден“.