Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мари со метален колк победи на Австралија опен – пет сета, пета часа, спасена меч топка и триумф над Беретини

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Енди Мари ја забележа првата победа над тенисер од топ 20 на гренд слем турнирите од 2017 година. Шкотланѓанецот по, речиси, пет часа игра и спасена меч топка го совлада 14-от носител, Италијанецот Матео Беретини со 6:3, 6:3, 4:6, 6:7, 7:6 и се пласира во второто коло на Австралија опен.

Мари, кој има метален колк, издржа сè во Мелбурн. Желбата да покаже дека сè уште може да игра тенис на врвно ниво беше посилна и од пеколното сонце во Мелбурн. Не се откажа во ниту еден момент против италијанскиот ривал, покажа како се борат големите шампиони, но демонстрира и силна љубов кон спортот.

Негов нареден противник на Австралија опен ќе биде подобриот од дуелот меѓу Фабио Фоњини и домашниот тенисер, Танаси Кокинакис.