Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марихуана во вредност од 700.000 евра е запленета на граничниот премин „Богородица“

/

пред 613 дена

Сподели преку :

Над 180 килограми марихуана вредна 700.000 евра што требало да стаса во Турицја е запленета на граничниот премин „Богородица“. За случајот се приведени две лица од Куманово и од Тетово. Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски рече дека двајцата возачи во земјава влегле со камион на граничниот премин „Блаце“ и, транзитирајќи низ Македонија, требало да продолжат преку Грција до Турција, за каде била наменета дрогата.

На „Богородица“ е извршена детална контрола на камионот, при што меѓу компресирана рециклирана хартија во четири бали е пронајдена дрогата. Проценетата вредност на дрогата на црниот пазар изнесува 707.000 евра.

Од МВР велат дека истрагата ќе продолжи за да се откријат сите лица вклучени во шверцот, но и начинот на кој е организиран транспортот.

Сузана Мицева