Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марин Ле Пен: Холанѓаните имаат право да одлучат дали ќе останат во Европската унија

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

Француската десничарка Марин Ле Пен изјави дека холандските граѓани имаат право на самоопределување, што вклучува потенцијално излегување од Европската унија, споредувајќи ја ситуацијата со Брегзит, пренесува „Eуроактив“.

Изборната платформа на новиот премиер на Холандија, екстремниот десничар Герт Вилдерс, вклучуваше референдум за „Негзит“, односно потенцијално излегување од Унијата, што Ле Пен го поддржа и коментираше дека убедливата победа на десницата во Холандија е јасен показател дека Европејците ја преиспитуваат политиката на ЕУ и сакаат да ја контролираат миграцијата во нивните држави.

Марин Ле Пен ги повика француските гласачи да ја стават партијата на Емануел Макрон во малцинска позиција на следните избори за Европскиот парламент во јуни 2024 година.