Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марио Драги или Ангела Меркел се опции за европски претставник за преговори со Русија – ЕУ го одби предлогот на Путин за Шредер како посредник

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Марио Драги, поранешен претседател на Европската централна банка, или Ангела Меркел, поранешна германска канцеларка во улога на претставник на Европската Унија во евентуални преговори со рускиот претседател Владимир Путин. Ова е дилемата во Брисел за која ќе се расправа на состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ наредната недела на Кипар, објави „Фајненшл тајмс“.

Европските лидери го отфрлија предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за поранешниот германски канцелар Герхард Шредер да ја претставува ЕУ во евентуални идни разговори со Москва. Путин навести дека би бил подготвен да преговара за нови безбедносни аранжмани за Европа.

Министрите за надворешни работи на Европската унија се скептични дека Русија е подготвена да ја прекине војната и искрено да преговара за мир и безбедност во Европа.

ЕУ води политика на изолација на Русија од почетокот на воената интервенција на Москва врз Украина во 2022 година. Унијата воведе санкции и има малку политички и дипломатски контакти на високо ниво со Русија.

Но, бидејќи преговорите за завршување на конфликтот предводени од САД слабо напредуваат додека Вашингтон се фокусира на војната во Иран, некои европски функционери повикаа ЕУ да размисли за директни разговори со Москва, што би ги водел специјален пратеник.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој ги претставува 27-те лидери на земјите од ЕУ, претходно овој месец изјави дека Унијата се подготвува за „потенцијални“ разговори со Владимир Путин, како што рече, „за да се организираме и да утврдиме што ни е потребно“ за разговор со Русија кога ќе дојде „вистинскиот момент“.