Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Maрјановиќ: На онколошките пациенти им е потребен функционален систем, а не со години да се вртиме во круг со исти проблеми

/

пред 165 дена

Сподели преку :

И покрај зголемениот буџет и најавените подобрувања, пациентите со канцер сè уште се соочуваат со недостиг на лекови и административни пречки.

„Во 2025 година направивме голема промена во однос на зголемен буџет на клиниката и конзилијарното одлучување, меѓутоа како се приближуваше март месец ни стана јасно дека ќе имаме проблем со одредени лекови. Оваа година бројот на лекови што недостасуваат е мал, но проблемите се различни. 2025 година нè научи дека парите за нас не се решение во Македонија, поради начинот на набавка на лекови и нефункционалниот систем“, изјави Ана Марјановиќ од Здружението на лица од онкологија.

Таа нагласува дека без функционална комуникација меѓу институциите и јасен регистар на пациенти, проблемите ќе продолжат да се повторуваат.

„Ние сме во ситуација на онкологија каде чекаме одреден лек да стигне, нарачан од клиниката, но тој не е доставен и постојано се вртиме во истите кругови. Додека институциите меѓусебно не почнат да комуницираат, ние постојано ќе се соочуваме со исти проблеми. Џабе ни е системот ако не почнеме да го градиме од почеток и ако не се воспостави регистар на пациенти“, вели Марјановиќ.

Т.Д.