Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марковски во „Топ тема“: Ракетите што паднаа во Полска имаат домет од 75 километри и во никој случај не можеа да бидат истрелани од Русија или Белорусија

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Ракетите што вчера попладне паднаа во Полска се наведувани од типот 5В55 со кои е вооружен 540-от ракетен полк на Украина кој се наоѓа во тој регион и со оглед на нејзиниот домет од 75 километри не можеше да не се насети дека такво нешто не може да направи ниту Белорусија, ниту Руската федерација, истакна воениот експерт Благоја Марковски во вечерашното издание на „Топ тема“.

„Затоа е добро што многу брзо се дојде до конечниот став и оценка дека овој инцидент е, сепак, предизвикан дали од нестручност или наменски од украинските вооружени сили. Без оглед на сета таа напнатост што траеше во текот на овие 24 часа, мислам дека е добро што се дојде до ваков резултат, што застанавме тука и ситуацијата не ескалира“, вели Марковски.

Но, сепак, треба да се има во предвид, додава тој, дека руските вооружени сили учествуваа во, според некои, во три, а според некои во пет ракетни напади врз територијата на Украина, и тоа врз енергетски системи што продуцираа во целост да бидат прекинати снабдувањата со електрична енергија, интернет и други енергенси во неколку региони во земјата.