Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Марш за ангелите“ првпат одржан во Виница

/

пред 144 дена

Сподели преку :

Во Виница денеска за првпат се одржа протестниот „Марш за ангелите“, организиран од семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Родителите на починатите побараа целосно расветлување на причините за смртта на 63-те жртви и одговорност од институциите.

На маршот беше посочено дека, иако институциите како главна причина ја наведуваат изложеноста на јаглерод моноксид, кај дел од жртвите било утврдено и присуство на водороден цијанид над дозволените граници. Родителите сметаат дека токсичниот чад од полиуретански материјали можел значително да придонесе за трагичните последици.

Тања Коцева, мајка на една од жртвите, истакна дека остануваат сериозни прашања за тоа како со години во објектот биле користени леснозапаливи и токсични материјали без соодветни контроли. Таа ги прозва инспекциските служби и институциите за непостапување и избегнување одговорност.

Маршот започна од плоштадот „Ангел Винички“, продолжи низ централните улици на градот и заврши пред полициската станица, каде учесниците уште еднаш побараа правда и одговорност за трагедијата.