Илон Маск ја критикуваше Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, изјавувајќи дека „време е таа да умре“ по инцидент во кој тимови од неговиот Оддел за владина ефикасност неовластено дошле до доверливи информации на агенцијата.
Двајца шефови за безбедност во УСАИД биле отпуштени од Владата на Доналд Трамп откако одбиле да ги предадат тие податоци.
Маск на социјалната мрежа Икс ја нарече УСАИД „криминална организација“ и најави планови за сериозна реорганизација или укинување на агенцијата.
Овој инцидент се случува во контекст на замрзнување на хуманитарните и развојни проекти на УСАИД.
Финансиската поддршка во рамки на програмите на УСАИД се замрзнати освен помош која е неопходна за проекти за спасување животи.
И во Македонија се замрзнати пари за сите проекти поради што се прекинати активности во општини, во младинскиот сектор, во бизнисот каде помали компании добиваа помош за дигитализација, во НВО секторот и во органите на државната власт.
Министерството за финансии пресмета дека првично се замрзнати околу 12 милиоби долари во проекти кои ги спроведува централната власт во Македонија.











