Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Масло има доволно, но ќе се  продава по цена до 150 денари

/

пред 1628 дена

Сподели преку :

Цената на маслото не се очекува да надмине 150 денари,  а  ќе  го има  и  во доволни количини. Ова се прогнозите на  производителите.

Велат ваквите цени се поради тоа што  во земјава нема доволно суровина за произвдоство, па се принудени да ја набавуваат од Бугарија каде е поскапа. Предупредуваат дека поради глобалните текови не се очекува стабилизација на цените и на другите производи.

Надлежните  уверуваат дека  граѓаните нема потреба да трупаат залихи, Во слендите два дена,   рафтовите во маркетите повторно ќе бидат полни со масло.

Велат дека тоа што Србија одлучи да го забрани  извозот на нерафинирано масло нема да предизвика криза на пазарот. Домашните производители пак се надеваат дека  производство на сончоглед  во идина ќе се зголеми за да не бидат зависни од увоз.

Николовски пак уверува дека се прави план за да се случи тоа.

Вчера од Србија во земјава беа испорачани 48 илјади литри масло, исто толку се очекуваат и денеска. Договорот  е од таму да пристигнат 2 милиони литри.

Ирена Чачкова