Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Матурант пронајден починат во нива – трагедија во Струмица

/

пред 511 дена

Сподели преку :

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, позади складот за дрва на шумското стопанство „Беласица“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта. Трагичната вест ја потврдија од ОЈО Струмица и СВР Струмица.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство, а се чекаат и токсиколошките анализи за да се добие појасна слика за причините за смртта.

И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19-годишно момче од Струмица.

„Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција“, се наведува во информацијата од СВР Струмица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.