Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж фрлил бомба врз сатанистички храм во САД

/

пред 917 дена

Сподели преку :

Властите во САД  уапсиле вчера 49 годишен маж од Оклахома обвинет дека  фрлил рачно изработена бомба врз сатанистички храм во Масачусетс.

Организацијата со необично име со седиште во Масачусетс на својата веб страна наведува дека се залага за секуларни и индивидуални слободи, те дека нејзините членови всушност не ја почитуваат сотоната

Сеан Патрик Палмер е обвинет дека со експлозивно средство оштетил објект во кој е сместен храмот.

Денеска Палмер  треба да се појави пред судот во Оклахома,  каде што би можел да се соочи со казна затвор од 20 години и парична казна до 250.000 долари доколку се прогласи за виновен пренесува АП.