Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Медицинска сестра сведок на судењето за Онкологија 2- кога имало недостиг во три случаи добила терапија лично од директорот Нино Васев

/

пред 397 дена

Сподели преку :

Медицинска сестра од Онкологија сведочеше на судењето за финансиски злоупотреби на Клиниката дека во три случаи добила терапија лично од директорот Нино Васев во ситуација кога во клиниката имало недостаток на конкретниот лек. Одбраната приговараше на сведочењето. На следното рочиште треба да сведочат и други вработени во клиниката за онкологија.

Во клиниката ја немало но, одредени пациенти ја добивале од директорот конкретната терапија. Медицинска сестра од дневната болница во Онкологија сведочеше дека за тројца различни пациенти од директорот добила ампула, која ја немало во болничката аптека.

  • Еден од тие пациенти беше примаше ампула “тецентрик“. Во тој момент ја немаше на Клиниката. Неговата сопруга беше некој инспектор, дојде и праша зошто нема и објаснивме и таа рече ќе се качам кај директорот. По некое време ми се јави директорот и ме повика во канцеларија каде беше и сопругата на пациентот и ми даде ампула. Јас ја земав и ја спремив во амбуланта, сведочеше медицинската сестра од Клиниката за онкологија.

На прашањата на обвинителката медицинската сестра кажа и дека имало случај и кога во испечатениот извештај била пречкртана дозата и со ракопис напишана нова поголема доза од лекот.

Сведочеше и дека на крајот на 2022 година при неделен попис увиделе дека фалат 90 ампули “гемзар“. Се јавиле кај главната сестра, па потоа кај директорот. Во друг случај  вработен задолжен за подготвување на терапијата пријавил дека снемало над 40 ампули во кутија ставени на работната маса. Овој случај бил пријавен и во полиција.

Одбраната на Нухи и постави серија прашања на медицинската сестра во однос на нејзината улога и одговорност за лековите кои ги снемало што таа го негираше, а обвинителката реагираше дека прашањата се несоодветни и не треба да бидат дозволени. Адвокатите приговараа на исказот на сведокот.

  • Прашањата кои беа наведувачки за овој сведок, а посебно дали таа украла некој од лековите за кои била задолжена е од „План мерки и активности на МВР“ – доказ доставен денеска до вас, каде е наведена за која постоеле оперативни податоци дека може да даде информации и дека може да биде соработник на правдата, рече Анита Бегова, адвокат на Нехат Нухи.

Предметот Онколгија 2 продолжува во октомври со друг сведоци вработени во клиниката. Двајцата поранешните директори на Клиниката, Нино Васев и Нехат Нухи обвинети се за злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата.

Елена Мукоска Ивановска