Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерките ќе зависат од содржината – Лекарска комора најави дека ќе го разгледа извештајот за смртта на 14-месечното бебе

/

пред 744 дена

Сподели преку :

Од Лекарската комора соопштија дека со загриженост го следат случајот со починатото 14-месечно бебе во Клиниката за детски болести.

„Во однос на активностите што ќе ги преземеме, засега може да кажеме дека откако ќе го добиеме извештајот од Министерството за здравство, ќе биде разгледан во Комората, а што ќе се преземе понатаму, зависи од неговата содржина“, потенцираа од Лекарската комора.

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека при извршениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни.

Зборувајќи за овие две клиники во Скопје, тој соопшти дека во делот на системски недостатоци, констатирано е непостоење на препораки или алгоритми за тријажа на пациентите при прием и понатамошен третман.

Министерот додаде дека, исто така, констатирана е потреба од обезбедување на видео-ларингоскоп за Детската клиника, како и унапредување во делот на организирање на транспортот на пациентите од една до друга установа.