Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Метео аларм низ целата земја – Teмпературите денес до 43 степени

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Метео алармот е вклучен низ целата земја поради високите температури.

Како што соопшти Управата за хидрометереолошки работи минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.

И утре ќе се задржи многу топло време со температура која на места ќе достигне 43°C.

Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.