Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Метеоропатија болест на современото општество – расте бројот на интервенции и колапси

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Зголемен број на колапси и интервенции, сепак во овој период од годината бројот на повици е очекуван велат од Итната медицинска помош.  Промената на атмосферскиот притисок, влажноста на воздухот и варијација на надворешната температура се најчестите причини.

„Од 84 интервенции во текот на вчерашниот ден дури седум биле колапси. Интервенирано е кај краток губиток на свеста и најчесто е измерен низок крвен притисок. И тоа се должи на дехидратацијата и на високите температури. Сè почесто ги наоѓаме симптомите на метеоропатија како современа болест, односно болест на современото општество можеби затоа што многу сме одалечени од природата и секогаш кога го споменуваме тоа дека треба колку што можеме почесто да се враќаме на природата секој слободен момент да го искористиме во природа во шума  на чист воздух“, изјави д-р Елена Карева Пиловска, шеф на смена во Итна медицинска помош.

Луѓето со хронични болести, возрасните и децата треба да бидат многу внимателни во овие периоди во кои се соочуваме со разлики во температурата. Но се почести се колапсите и кај млади луѓе кои подолго време се изложени на топло.

„Топлотниот удар и колапсите не настануваат наеднаш. Всушност организмот ни дава сигнал неколку часа претходно. Со тоа што се чувствува замор, главоболка, некоја психичка и физичка исцрпеност и тоа треба да го превенираме“, додаде д-р Карева Пиловска.

Граѓаните велат дека ги почитуваат препораките на здравствените лица, но имаат и обврски кои мора да ги завршат.

„Затоа што имам работа, морам да ја завршам. Нема некој во 6 или 7 да ми работи“.

„Па кога си на работа каде можеш, ама сега во 12 одам на работа нели не треба да се излегува баш тогаш. Ама излегуваме кога мора да си на работа. Бираме сенки, светла облека, вода“, велат граѓаните. 

Лекарите со апел до граѓаните да бидат внимателни и со употребата на клима уредите во однос на разликите во температурата и секако истите да бидат соодветно исчистени.

Нина Стефанова