Активната блокада значи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги блокира законите кои значат подобрување на животниот стандард на граѓаните, тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на Топ Тема на Телма.
Тоа подразбира не и блокада на законите кои што се во интерес на граѓаните, или закони кои индиректно ќе влијаат врз квалитетот на животот. Се останато, како што беше оној шверцески обид да се протне законот за игри на среќа…На сето она што се однесува за граѓаните, повисоки плати, повисоки пензии повисок стандард на живот, ние немаме намера да го блокираме, напротив ќе го поддржиме, појасни Мицкоски.
Тој изрази надеж дека на некоја од следните седници ќе се најде и заемот од Светска банка, во износ од 60-на милиони евра, кои ќе бидат искористени за пдобрување на инфраструктурата на локалните самоуправи.
Ние сме политичари и работиме во интерес на граѓаните, тоа што ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори во 2021, никој не можеше да го предвиди кога во 2020 беше потпишан заемот. Парадоксот е што тој беше заглавен во Законодавно правната комисија со која претседава кадар на СДСМ. Од една страна го напаѓаме ВМРО-ДПМНЕ дека блокира, а од друга страна власта е таа која што кочи. Таму има милион евра за струга, таму нема градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, дециден е Мицкоски.











