Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски тврди дека има план за подобра преговарачка позиција, власта упорна да обезбеди двотретинско мнозинство

/

пред 1158 дена

Сподели преку :

„Нема теоретска шанса“. Ова е коментарот на опозицискиот лидер на изјавите на премиерот и на претседателот на државата дека, ако сега нема двотретинско мнозинство за уставни измени, не значи и дека нема да го има. Еден ден по неуспешната собраниска седница за уставни измени, опозицијата и власта си испратија веќе чуени пораки.

Мицкоски изјави и дека Ковачевски лаже кога вели дека измените не се на барање на Бугарија, туку на Македонија, затоа што македонски предлог даваат граѓаните, а во случајов тие не беа прашани што мислат. Предлогот, вели, е договорен шверцерски и тајно, без консултации и со опозицијата, за што, според него, вина имаат и од ЕУ. Бара избори веднаш, а доколку хипотетички победи на нив, тврди дека има план како да издејствува подобра преговарачка позиција за Македонија.

За разлика од него, власта упорно тврди дека репреговарање на преговарачката рамка не може да има.Вицепремиерот Маричиќ во интервју изјави дека, дури и да се замисли дека тоа е можно,  нема да биде подобра од оваа, бидејќи сега не се исти ниту атмосферата, ни околностите, а и барањата на Бугарија сигурно нема да бидат истите.

Пратениците од СДСМ, пак,  повторија дека не се откажуваат од намерата да обезбедат двотретинско мнозинство.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, не е временски ограничен за да го закаже продолжението на седницата. Ова значи дека можат да поминат и месеци. Но, крајниот рок за уставните измени е до крајот на ноември, затоа што скринингот од ЕУ завршува на 1. декември.

Далиборка Демјанска Цветановска