Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Ако не видиме испорака од бугарска страна, нема да се поместиме ниту милиметар додека сум премиер

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Добрососедските односи се двонасочна улица. Не можете да танцувате сами. Или танцувате со партнер или немате партнер. Ме загрижува почетокот на новата влада кај нашиот источен сосед, но се надевам дека со текот на времето рациото и разумот ќе преовладеат. Но, ние сме трпеливи, ќе работиме и ќе победиме како многу пати што сме победиле во историјата, рече премиерот Христијан Мицкоски во врска со изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова дека Македонија треба да бара решенија, а не проблеми и дека Софија нема да отстапи од договореното од 2022 година.

„Ако веруваме и стоиме до европските вредности, тогаш треба да веруваме и стоиме до европските вредности, а ако тие мислат дека се таму и за ние да бидеме таму, треба да ги прифатиме нивните барања, тогаш оваа влада таа игра нема да ја игра и сè додека сум јас премиер, додека не видиме испорака од нивна страна, ние нема да се поместиме ниту милиметар“, истакна Мицкоски.

Се надевам дека Скопје ќе бара решение, а не конфликт со Софија – шефица на бугарската дипломатија со порака за Македонија