Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски денеска ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

/

пред 360 дена

Сподели преку :

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во 15:45 часот, ќе ја пречека и ќе биде домаќин на посетата на Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија. Во 15:50 часот ќе се одржи тет-а-тет средба во Влада. Потоа во 16:05 часот ќе се одржи билатерална средба. Мицкоски изјави дека од претстојната посета на Скопје на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен и средбата со неа очекува реафирмирање на позицијата дека нашата стратешка цел останува полноправното членство во ЕУ, при што се надева дека во тој процес ќе има испорака и од страна на Унијата.