Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: До 1 јули во Собранието ќе биде доставен предлогот за нов владин кабинет

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Најдоцна до 1 јули пред пратениците во Собранието ќе се најде списокот со новиот владин кабинет, најави премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека процесот на реконструкција на Владата треба да биде формализиран до крајот на месецот.

Мицкоски рече дека во рамки на консултациите со коалициските партнери се разгледуваат различни опции, вклучително и промени во ресорите, но без да открива конкретни кадровски решенија.

Тој најави и дека реконструкцијата нема да се однесува само на министерските позиции, туку ќе продолжи и на локално ниво, со анализа на работата на директорите на јавните претпријатија.

Паралелно, од Владата и коалициските партнери посочуваат дека разговорите за кадровските измени се во тек и дека конечните одлуки сè уште не се донесени, додека дел од функционерите нагласуваат дека позициите не се трајни и дека тимот го составува мандатарот.