Македонскиот премиер оценува дека и покрај конфликтот на Блискиот Исток, ситуацијата во земјава е стабилна и дека Владата постојано ја следи состојбата.
„Стабилна без да има одредени осцилации, а апсолутно ја имаме под контрола состојбата. Се разбира предизвици има и ќе има, тоа е жива и динамична материја, но тие сме тука да следиме и да реагираме ако има потреба од тоа“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Македонија.











