Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Ги следиме цените, ако треба ќе ги ограничиме, иако не сакаме такво нешто

/

пред 646 дена

Сподели преку :

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување, иако не сакаме да го сториме тоа, порача премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.

Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20 отсто, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.

„Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент. За разлика од еврозноата, каде поскапувањето на струјата беше 15 – 20 отсто во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ“, истакна Мицкоски по посетата на Штип.

Премиерот напомена дека се преземаат сите мерки за стандардот на граѓаните да биде квалитетен, а истовремено, истакна, и платите растат.