Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Касами влегува во фолклорот на ДУИ

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Поделбите не носат иднина, му порача премиерот на коалициониот партнер, Билал Касами, кој  на партиски собир ги повика Албанците да си ја вратат општина Брвеница назад. Од „Вреди„ не дадоа поддршка за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Јовица Илиевски, кој ќе се бори за  нов мандат во оваа општина, иако добија коалициона поддршка за Тетово, но Мицкоски вели дека граѓаните не треба да ги оценуваат кандидатите според етничката припадност.

  • За жал, влегува во фолклорот на ДУИ без потреба и мојата порака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлечат гласови и внимание во јавноста, туку треба да зборува во Тетово за заедничките проекти што се направени со поддршка од владата, а овде во Брвеница, нивниот кандидат треба да зборува за идните планови, а не за тоа да гласаат за Македонец или Албанец. Тоа е политика на минатиот век и не му носи предност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Кандидат на „Вреди„ во Брвеница е Хаќим Рамадани. Од оваа партија ќе имаат кандидати во Град Скопје, Тетово, Гостивар, Сарај, Чаир, Дебар, Боговиње, Теарце, Желино, Студеничани, Липково и Врапчиште.

ВМРО-ДПМНЕ  синоќа објавија дека ќе им дадат коалициона поддршка и на кандидатите на ЗНАМ во Куманово и скопски Центар, каде нема да кандидираат свои кадри за градоначалници.

Од оваа партија не ги откриваат адутите, но во јавноста се шпекулира дека за Куманово кандидат на ЗНАМ ќе биде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, а за Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Далиборка Демјанска