Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски најави поевтинување на горивата од понеделник

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од понеделник се очекува намалување на цените на горивата, при што бензините би поевтиниле за околу четири денари, а дизелот за околу седум денари по литар.

Тој изјави дека очекувањето се базира на тековни калкулации и движењата на светските пазари, посочувајќи и на влијанието на вредноста на доларот.

Според него, стабилизацијата на цените може да дојде по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран, кои би можеле да влијаат на глобалниот енергетски пазар.

Мицкоски додаде дека процесот на стабилизација нема да биде брз, бидејќи цените на нафтата зависат од повеќе фактори, вклучително и транспортот и динамиката на испораките на светските пазари.